Температурен шок: Студени утра а попладне пекол
Времето во Македонија ќе биде сончево со мала облачност и со слаб ветер од променлив правец. Утринската температура ќе се движи од четири до 15, а дневната од 29 до 35 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7.
Во Скопје времето ќе биде сончево со слаб источен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 12, а дневната ќе се искачи до 34 степени.
До крајот на месецов ќе се задржи претежно стабилно време со посвежи утра. Дневната температура ќе биде во пораст, а од недела на некои места ќе го надмине просекот за овој период. Во вторник ќе има извесно зголемување на облачноста со услови за локален краткотраен дожд.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа