Димитров: Никој досега не побарал Македонија да стане дестинација за бегалци

 

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Димитров синоќа на твитер и на својот фејсбук профил напиша дека никој од соговорниците со кои досега имал средби, не побарал Македонија да стане земја дестинација за бегалци.

- Имав стотини средби од 1 јуни наваму. Ниту еден, ниту еден соговорник нема побарано Македонија да стане земја дестинација за бегалци. Факт, гласи твитот и постот на Димитров.

Министерот додава дека потребата да се шири страв потекнува од сопствениот страв - од одговорност. 

 

 

 

25.08.2017 - 09:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега