Пожар беснее над Кочани

Во пожарот кој избувна попладнево во близина на локалитетот Мактеон крај Кочани гори трева и нискостеблеста шума. Пожарот се шири и на околните ридови и во правец на напуштеното населено место Припор.

Пожарот први го забележале случајни минувачи кои веднаш пријавиле во Кочанската противпожарна единица. Според очевидци, пожарот е настанат поради човечко невнимание.

Набрзо по избувнувањето на пожарот интервенирала и Противпожарната единица на општина Кочани, која со две возила почнала со гаснење. Гаснењето се одвива отежнато поради непристапноста на теренот. 

Постои можност пожарот да се прошири кон повисоките ридести предели на Осоговијата. 

 

 

 

25.08.2017 - 17:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега