Нов пожар беснее во Македонска Каменица

Нов голем пожар над Македонска Каменица избувна попладнево околу 15 часот. Зафатена е поголема површина борова шума во месноста Валичарско маало над Македонска Каменица со тенденција на ширење на пожарот кон Говедар, информира ЦУК од Делчево. 

- Во гаснењето на пожарот учествуваат околу 40 лица, од месното население, од ЈП Подружница „Голак“ Делчево од ЈП „Камена Река“, како и Противпожаната едница во Македонска Каменица. На теренот работат и машини и механизација за да се направат пресеци и засега не можеме да кажеме колкава површина е зафатена, но состојбата е сериозна бидејќи пожарот брзо се шири благодарение на ветерот и сувата трева, истакна Драган Балас од ЦУК Делчево.

Пожарот кој гореше над пехчевско Негрево попладнево е локализиран. Според првичните проценки во пожарот изгоре густа борова шума на површина од над 10 хектари. Од ЈП Македонски шуми-Подружницата „Равна река“ се сомневаат дека пожарот е подметнат, а започнал во блиската борова шума веднаш над селото.

 

 

 

25.08.2017 - 18:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега