Државниот инспекторат за труд влезе во угостителските објекти - еве што откри

Државниот инспекторат за труд во текот на летото во испекциски акции спроведени во угостителски објекти во повеќе градови во земјава затекнал 19 непријавени работници.

Како што соопштуваат од Инспекторатот, донесени се решенија со кои работодавачите се задолжени со работниците да склучат договори за вработување на неопределено време и во наредните три месеци да не го намалат вкупниот број на вработени.

Инспекторатот, како што информират, против овие работодавачи поднесени се и барања за поведување прекршочна постапка.

При надзорите констатирани се и неправилности во врска со евиденцијата за работното време, прекувремената работа, неиздавање пресметки за месечна плата, како и непресметување на додаток за минат труд  поради што се донесени решенија за отстранување на овие неправилности.

Државниот инспекторат за труд најавува дека и во следниот период ќе продолжи со засилени инспекциски надзор во насока на заштита на правата на работниците.

 

 

 

25.08.2017 - 18:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега