Дачиќ: Не ја сменивме одлуката за името на Македонија

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави денеска дека Србија не ја менувала одлуката што се однесува на името под кое ја признава Македонија.

По средбата со пефот на македонската дипломатија Никола Димитров, Дачиќ посочи дека е неопходно двете земји да се однесуваат отворено и искрено.

- Нас не боли што ја признавме Македонија под уставното име, за што ни забележа Грција, која пак не го призна Косово, додека Македонија тоа го стори, истакна Дачиќ, потенцирајќи дека Косово било признато од страна на претходната Влада, а не од владиниот кабинет на Зоран Заев.

- Без оглед на се, ние не ја менувавме одлуката, рече Дачиќ. 

 

 

 

25.08.2017 - 19:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега