Кржалоски: Заев и неговите министри кои ветуваа дека ќе донесат живот, за 14 дена стопија 20.5 милиони евра

Владата на СДС ги троши парите на граѓаните без милост и расипнички управува со државната каса. Владата на СДС за 14 дена потроши цели 1.2 милијарди денари, односно 20.5 милиони евра за стоки и услуги, односно патни и дневни расходи за претставниците на власта, инвентар за нивните канцеларии и за вработувања на партиските послушници, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение следува интегрален текст од прес-конференцијата на Лука Кржалоски од ВМРО-ДПМНЕ

Да почитувани граѓани, Заев и неговите министри кои ветуваа дека ќе донесат живот, за 14 дена стопија 20.5 милиони евра од вашите пари буквално за задоволување на сопствените апетити за луксузирање, наплаќајќи го истото од вашите пари.

СДС за да може да се расфрла со парите на граѓаните, и да троши по 20 милиони евра за патни трошоци и партиски вработувања, за само 87 дена ја задолжи државата за неверојатни 145 милиони евра, а од државните резерви стопи 177 милиони евра.

Политиката на огромни задолжувања, која ја спроведува владата на СДС забрзано ја води Република Македонија кон банкрот. СДС не размислува за иднината на државата и граѓаните, затоа безмилосно ги задолжува уште неродените генерации со стотици милиони евра, кои се трошат на патни трошоци и партиски вработувања.

Да не беше трагично ќе беше смешно, СДС ги задолжува идните генерации за да ги покрива партиските вработувања и патните трошоци на Заев, ова е сосема спротивно од ветувањата на Заев пред изборите, кога зборуваше дека тој нема да ја задолжува државата и нема да има партиски вработувања. Граѓаните сега можат да видат дека Заев се што рекол, излажал.

Владата на СДС без срам зема од парите на граѓаните и ги расфрла за патни трошоци на Заев и неговите соработници, за вработување и вдомување на државна плата на партиските послушници и таканаречените граѓански активисти, додека ја задолжува Република Македонија со стотици милиони евра.

Лудилото на СДС не завршува тука, владата секојдневно одвојува милиони денари за невладините организации. За само еден ден на 24-ти овој месец владата префрлила 1.4 милиони денари кон истите.

Управувањето на СДС со парите на граѓаните ќе биде преиспитано со враќањето на демократијата и правната држава во Република Македонија.

Граѓаните ќе му стават крај на самоволието на СДС кое ја турка Република Македонија во банкрот на 15-ти октомври, кога ќе јасно ќе кажат дека се против погубните политики на Заев и врхушката на власта.

 

 

 

26.08.2017 - 13:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега