Груевски во посета на струшка Дрслајца: Саниран е патот кој го ветивме пред граѓаните за што се вложија 6 милиони денари

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски продолжува со теренските посети, каде врши увид на проектите ветени од локалната управа и претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ, како и се запознава со проблемите кои ги имаат граѓаните низ земјата.

 

Груевски денеска беше во посета на струшкото село Дрслајца.

-Денес ја посетив струшка Дрслајца. Саниран е патот кој го ветивме пред граѓаните за што се вложија 6 милиони денари, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на Фејсбук.

 

 

 

26.08.2017 - 14:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега