ВМРО-ДПМНЕ: Струјата догодина ќе поскапи за 20 отсто

„Владата на Социјалдемократскиот сојуз во наредната година, наместо да ја намали, ќе ја зголеми цената на струјата. Со либерализација на пазарот на електрична енергија која ја најавува неспособната влада на Заев, сметките на граѓаните за електрична енергија нема да се намалат туку напротив ќе се зголемат, за најмалку 20%“, изјави на прес-конференција Светлана Колариќ, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ова е уште еден од низа удари на Социјалдемократскиот сојуз, кој најмногу на своја кожа ќе го почувствуваат граѓаните. Од ова сепак најголем корист ќе имаат лоби групите блиски на СДС кои поседуваат енергетски компании кои се занимаваат со трговија на електрична енергија. На Социјалдемократскиот сојуз лагите им се со краток рок. Од септември сметките за електрична енергија нема воопшто да се намалат. Со тоа што граѓанинот ако потроши помалку електрична енергија ќе плати помала сметка, доколку граѓанинот потроши повеќе електрична енергија тогаш сметката ќе биде повисока. Најавеното намалување на електрична енергија од страна на Социјалдемократскиот сојуз реално го нема“, додаде Колариќ.

 

 

 

27.08.2017 - 12:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега