Данев: Владата ја уништува македонската економија

„Неспособната влада на СДС ја уништува македонската економија и финансискиот систем на државата, и полека но сигурно ја носи државата кон банкрот“, изјави на прес-конференција Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ.

„Владата на СДС за само 88 дена успеа да ја задолжи Република Македонија за неверојатни 145 милиони евра. Згора на тоа повлекоа и цели 177 милиони евра од државните резерви. Тоа се над 320 милиони за три месеци кои никој не знае каде завршиле. Владата се задолжува за стотици милиони евра и троши без усул. Граѓаните не знаат на што и како се трошат парите, кои утре тие и нивните деца ќе треба да ги враќаат. СДС за да ја покрие финансиската дупка која ја создаваат ќе отпочне со акција за покачување на даноците. Медиумите блиски до власта веќе објавија дека до крајот на година може да се очекува воведување на прогресивен данок, што ќе значи дополнителен удар за економијата. Шокот ќе биде особено голем  за малиот и средниот бизнис, кои благодарение на економските политики на владата на ВМРО-ДПМНЕ, политиката на ниски даноци и рамниот данок, опстојуваат и даваат работа на илјадници луѓе“, додаде Данев.

Данев, како што рече, СДСМ не размислувала за доброто на работниците, исто како што не размислувала ни во 90-те години на минатиот век кога без работа оставиле над 200.000 работници и затвориле 684 фабрики.

„Воведувањето на прогресивниот данок ќе значи помалку пари во бизнисот, помалку средства за реинвестирање во нови погони и работни места, и несигурни претприемачи. Владата директно ќе го поттикне вработувањето на црно и отпуштање на голем број на работници, што ќе предизвика раст на невработеноста, помал обрт на пазарот на капитал и ќе креира немаштија кај голем број на семејства“, истакна Данев.

 

 

 

27.08.2017 - 12:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега