Антокорупциска разгледува жалби поради разрешувања на функционери

Во тек е седница на Комисијата за спречување на корупција на која се разгледуваат приговори во врска со разрешувањето на поранешните директори на државните институции.

Приговорите се однесуваат на член 8-а од Изборниот законик, кој предвидува дека по распишување на избори не може „да се започне постапка за вработување на нови лица или постапка за престанок на работен однос во државни и јавни институции, а започнатите постапки се ставаат во мирување, освен во случаи на итни и неодложни работи“.

На дневен ред е приговор од Димче Стојаноски од Кичево против Генерален секретаријат – Влада на Република Македонија, потоа . приговорот на Слободанка Алексовска против Агенција за вработување на Република Македонија, а трета точка е приговорот на адвокатот Александар Колевски и други против Генерален секретаријат – Влада на Република Македонија.

Комисијата претходно искажа став дека било какво разрешување по распишување на изборите е спротивно на Изборниот законик.

 

 

 

29.08.2017 - 12:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега