Невреме до среда - метеоролозите најавуваат нова промена на времето

Врнежи од дожд ќе има уште утре, а од среда метеоролозите најавуваат разведрување и сончево време. 

Според УХМР, преку ноќта и изутрина повремени врнежи ќе има во источните и јужните делови од земјата. Утре претпладне услови за појава на врнежи ќе има на југот каде што е можна појава и на ретки грмежи. Утре и облачноста ќе се намалува и од север ќе има се повеќе сончево време. Од четврток до почетокот на викендот ќе преовладува сончево време, а температурите ќе бидат во пораст, но преку денот нема да е особено топло, a најсвежо наутро ќе е во четврток и петок.

Утре температурата ќе се движи од 9 до 30 степени, во четврток утрото температурата ќе се спушти до 5, а дневната ќе се искажи до 33 степени, во петок ќе биде од 6 до 35 степени, во сабота 8 до 36, во недела од 9 до 33 степени и во понеделник 7 до 31 степен.

 

 

 

29.08.2017 - 12:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега