ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност од Таравари за состојбата во здравството

ВМРО-ДПМНЕ денеска побара одговорност од министерот за здравство Арвен Таравари, за како, што наведуваат, катастрофалната ситуација во која го втурна здравството.

- Немањето капацитет, идеја и стручен кадар ќе доведе до целосно уништување на здравствениот систем од страна на СДС и нивната Влада, рече денеска во изјава пред Минситерството за здравство Дафина Стојаноска.

Според неа, новата Владата успела да го уништи здравството во кое во изминатите 10 години, како што наведе, ВМРО-ДПМНЕ инвестираше, реновираше, градеше, а лекарите беа испраќани на специјализација во најреномирани институции низ целиот свет.

- Здравствените услуги забрзано го губат својот квалитет и во 21 век луѓе умираат, а единственото образложение и утеха за најблиските е дека Таравари ќе формирал комисија и ќе го испитал случајот. Јасно е дека можеби ќе најдете некој виновник, колку да се исперете и да не излезе дека „така морало да биде“, рече Стојаноска и побара министерот и директорите што ги назначил да си поднесат оставки, а да им оставата работата на оние кои знаеле да ја работат.

 

 

 

29.08.2017 - 13:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа