ВМРО-ДПМНЕ: СДС ветуваше дека нема да се казнува пред да биде изречена опомена, но сега го погази зборот

Владата на СДС го покажа вистинското лице, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-СДС во предизборната кампања ветуваше дека нема да се казнува пред да биде изречена опомена, а откако дојде на власт се погази. Факт е дека владата на СДС инспекциите ги користи за репресија и политички притисок, затвора локали само затоа што го промовирале логото на општината. Рејтингот на СДС се повеќе и повеќе тоне преку ваквите непромислени потези, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Неспособната влада на СДС, се додава во реакцијата, треба да знае дека секое незаконско работење и прекршување на законите и нивна злоупотреба, ќе биде ревидирано и санкционирано со враќањето на демократијата и правната држава. Одговорност ќе има и мора да има.

 

 

 

 

29.08.2017 - 16:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа