Каракашов: Пехчево доби туристичка атракција каква што нема на ниту едно друго место во Македонија

Продолжуваат панел дискусиите на кои ВМРО-ДПМНЕ го презентира сработеното на локалните самоуправи кои се под контрола на градоначалници на партијата. Денеска за туризмот во општината Пехчево зборуваше Никола Каракашов, тој кажа дека тие глдале што во Македонија фали како туристичка понуда и дошле до сознание дека на државата и фали авантуристички парк.

Тој напомена дека направиле контакт со луѓе од Финска, каде веќе имало авантуристички паркови. Каракашов кажа дека за прв пат општината потпишала договор за јавно приватно партнерство со хотелот Гогов, кој го оджува авантуристичкиот парк. Тој говореше и за идните планови на општината, како што е продолжување на уште еден дел од изградба на паркот.

Тој напомена дека општината потпишала договор меѓународен договор за изградба на туристички инфо центар со Бугарија.

-Самиот инфо центар е замислен да функционира енергетски независно, така да ќе биде уште еден интересен пример за граѓаните кај нас, како може да се живее енергетски независно од провајдерите, кои ја понудуваат енергијата, изјави Каракашов.

Каракашов зборуваше дека општината има планови за идно развивање на туризмот во Пехчево.

 

 

 

29.08.2017 - 16:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега