Трпески: Жерновски е типичен пример како се однесува СДС со локалната власт откако ќе ја добие довербата на граѓаните

Граѓаните на општина Центар за четири години на своја кожа го почувствуваа неработењето на Андреј Жерновски и СДС. Жерновски во својата програма на локалните избори во 2013-та година многу вети и многу ги излажа граѓаните. Тој е типичен пример како се однесува СДС со локалната власт откако ќе ја добие довербата на граѓаните, истакна Сашо Трпески, советник во Општина Центар.

-Жерновски вети замена на 60 дотраени фасади на колективните станбени згради со енергетско ефикасни фасади. Реконструираше само 13. Математички, реализација околу 20% од ветеното. Толку му е капацитетот. Зошто не можел повеќе, кажа претседателот на Советот на Општина Центар Мирослав Шиповиќ. Човекот бил зафатен со шетање по белиот свет на сметка на општината. Жерновски не можел да се посвети на реализација на ветеното затоа што според Шиповиќ, некој требал да договара матни зделки и да бара стотици илјади евра од инвеститори. Шиповиќ ја објасни методологијата на богатење на Жерновски, а Жерновски премолчи. Немаше ниту тужби за клевета, ниту барање за извинување или демант. Јасна е вистината, подвлече Трпески.

Центарци, додаде тој, се револтирани и бараат одговорност за ваквото расипничко работење.

-Жерновски и СДС ниту знаеле, ниту пак некогаш ќе научат да работи за доброто на граѓаните. Целта на Жерновски е јасна, а тоа е сите четири години како градоначалник на општина Центар да си го полни сопствениот џеб и џебот на луѓе блиски до него со парите на граѓаните. Центарци со право коментираат дека Жерновски ќе остане запаметен како најнеуспешниот градоначалник, рече советникот Трпески и додаде:

„Единствено по што ќе биде запаметен се аферите како проектот „Боемска улица“ од 370 метри која чинеше премногу пари од граѓаните. Ќе биде запаметен и по тамбурашите и скапите ди џеи. Жерновски не само што не ги исполни своите ветувања, тој најнедомаќински без ниту тронка срам на сомнителен начин ги троши и се расфрла со парите на Центарци. Поради ваквото расипничко управување граѓаните на 15-ти октомври на локалните избори ќе стават крај на овој циркус од владеење на Андреј Жерновски и СДС“.

 

 

 

 

30.08.2017 - 10:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа