Кавадарци, Куманово и Центар против населување на мигранти во нивните општини

Општина Кавадарци, Куманово и Центар се против населување на мигрантите.

Советот на општина Кавадарци денеска гласаше против населување на мигрантите во нивниот град, а воедно советот ја усвои одлуката за распишување на референдум.

Освен Кавадарци, и Куманово е против населување на мигрантите.

-Ние како советничка група поднесовме иницијатива до советот да се распише референдум да се донесе одлука дали граѓаните на Куманово се за тоа на територија на општина Куманово се градат објекти во кои што ќе бидат сместувани мигрантите. Многу градови во Македонија веќе донесоа одлуки дека не се сложуваат со населувањето на мигрантите и оваа стратегија и граѓаните на Куманово нема да се сложат со тоа, изјави Драган Петковски.

Тој истакна дека како и многу пати до сега советот на Куманово не ја прифати нашата одлука без воопшто да ја разгледа.

Денеска и општина Центар се спротистави на населување на мигранти во нивната општина.

-Денеска ги предадовме овие потписи кои изминатиов период беа собирани од граѓаните на Република Македонија против населување на мигрантите кои што се вештачки донесени во Македонија и можат само да придонесат негативност судејќи по сите оние настани кои што се случија изминатиов период во сите држави каде што на ваков начин тие беа донесени. Македонија има ресурси кои што треба да ги користи за своите граѓани кои што се од социјално ранливи категории, а не како овие вештачко донесени мигранти, истакнаа од граѓанската иницијатива против населување на мигранти.

 

 

 

30.08.2017 - 19:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега