Османи за грчки весник: Очекувам напредок во ЕУ интеграциите, пред да се затвори спорот

Скопје и Атина во последно време даваат јасни сигнали дека имаат на ум да ја сменат досегашната политичка пат – позиција и да работат на градење на доверба меѓу двете општества, оценува вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи во интервју за грчкиот весник „Ефимерида“.

Во интервјуто, вицепремиерот Османи се осврнува и на посетата на шефот на грчката

дипломатија Никос Коѕијас на Македонија.

„Односите меѓу Скопје и Атина долго време имаа зацементирани позиции на целосна недоверба и нивно менување не може да се очекува да се случува голема брзина. Добро е што со своите постапки, и Скопје и Атина, јасно покажаа дека имаат намера да ја менуваат досегашната политичка пат позиција и да работат на мерки и активности за изградба на доверба меѓу двете општества.Во таа смисла очекувам конкретни чекори од страна на двете земји, а во насока на зајакнување на довербата, и мое мислење е дека тоа ќе резултира и со напредок во европските и евро-атлантските интеграции на Република Македонија, дури и пред да имаме конечно затворање на спорот за името на нашата земја“, вели Османи.

 

 

 

 

31.08.2017 - 10:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега