Коѕиас по средбата со Димитров: Со зајакнување на довербата до решавање на проблемите

Министерот за надворешни работи на Грција Никос Коѕијас претпладнево пристигна во еднодневна официјална посета на Македонија. Тој во МНР беше пречекан од неговиот домаќин, шефот на македонската дипломатија Никола Димитров.

Министрите разговарале за разликите околу името, но повеќе, како што појасни македонскиот министер, за самиот процес за тоа како тој ќе се одвива, за методот и модалитетите, но и за што се интересите и грижите на двете страни по ова прашање за да има поголемо разбирање во однос на тоа како едната и другата страна го перципираат проблемот.

Се обидуваме да го поништиме иредентизмот и креативно да ги решиме проблемите, истакна грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас, по денешната средба со македонскиот колега Никола Димитров.

-Јас откако станав министер, а можам за кажам и за Никола, ја ставивме раката на срце и рековме дека сакаме да ги решиме проблемите за нашите земји и народи. Ние сакаме да се решат сите проблеми и сакаме да ја поддржиме вашата земја да оди напред – рече, меѓудругото, Коѕиас.

Тој неколку пати ја нагласи неопходноста за почитување на суверенитетот и надминување на иредентизмот, што, според него, заедничките интереси ги трансформира во кавги во регионот.

 

 

 

31.08.2017 - 12:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега