Свежо утро, па врел ден - УХМР со временска најава за утре

Времето утре во Македонија ќе биде претежно сончево со слаба до умерена локална облачност.

Утринската температура ќе се движи од седум до 15, а дневната од 26 до 34 степени.

УВ-вредноста ќе изнесува 7.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност облачност. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе се искачи до 34 степени.

До сабота ќе се задржи претежно сончево и топло време, а  на места максималната температура ќе биде над просекот за овој период од годината. Во недела нашето подрачје ќе биде под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса што ќе услови променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд, грмежи и повремено засилен југозападен ветер. Пообилни врнежи се очекуваат во попладневните часови и во источните делови од земјава. Локално процесите ќе бидат поинтензивни. Од понеделник следува стабилно, посвежо и ветровито време. 

 

 

 

31.08.2017 - 17:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега