Вајгл, Кукан и Флекенштајн на средби со партиските лидери за актуелните теми и стратешките цели
Европратеничката тројка со порака за неопходност од политички дијалог заминува од Скопје. По дво дневните средби, Флекенштајн, Кукан и Вајгл порачуваат дека останува поддршката за европскиот пат по кој оди Македонија. Во заедничката пишана изјава пратеници помеѓу другото пишуваат:
- Сите заеднички се согласивме дека политичкиот дијалог е од суштинско значење за напредок во итните реформи и за подобрување на парламентарната култура и атмосфера во Собранието. Пред локалните избори, ги охрабруваме сите политички претставници и институции да дејствуваат одговорно и да осигураат дека се обезбедни сите услови за граѓаните слободно да ги остварат своите демократски права.
Тројцата евро пратеници денеска се сретнаа со лидерите на СДСМ, ВМРО – ДПМНЕ, ДУИ и Алијанса на албанците. Во собранието Флекенштајн,. Кукан и Вајгл разговараа со Села и Таравари и со Али Ахмети. Лидерот на ДУИ вели дека на маса бил ставен и проблемот со јужниот сосед.Во пишаното соопштение испратено до ВМРО – ДПМНЕ на средбата на која присуствувале лидерот Груевски, генералниот секретар Мицковски, Милошевски, Николовски и Ѓорчлев била посочлена и работата на актуелната власт.
- Од страна на ВМРО-ДПМНЕ беше истакната загриженоста случаите на самоволие и отворено прекршување на законите од актуелната влада во поглед на именувањата, и работењето на конкретни институции на владата. На средбата беа посочени случаи на притисоци зад кој стојат политички мотиви врз администрацијата, како и дискриминација по повеќе основи, пишува во партиското соопштение.
Покрај за договорот со Бугарија за добро соседство, во седиштето на СДСМ со лидерот Заев тројцата евро пратеници разговарале и за актуелчната политичка состојба во земјата и локалните избори.
- Верувам дека по парламентарните избори и локалните избори ќе ја докажат потребата од мултиетничкиот карактер на партиите. Локалните избори на кои очекуваме победа, ќе ги докажат придобивките од концептот на едно општество во кое силно веруваме, истакнал Заев, се наведува во партиското соопштение.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа