УХМР објави предупредување за Македонија до 3. септември - нѐ очекува невреме

 

ВРЕМЕТО ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. УВ=7 Во текот на ноќта времето ќе биде ведро и посвежо со мала облачност и со слаб ветер претежно од западен правец.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен jугозападен и западен ветер, кој во западните делови повремено ќе се засилува. УВ=7 Т-мин. од 9 до 16 а дневната највисока температура на воздухот  ќе биде над просекот за овој период oд годината и ќе се движи во интервалот од 31 до 36 степени.

Скопје Сончево и топло со мала  облачност. Ќе дува умерен jугозападен  ветер. Температурите од 13 / 35 степени.

 

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

 

Во недела нашето подрачје ќе потпадне под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, што ќе предизвика променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд, грмежи и повремено засилен југозападен ветер. Пообилни врнежи се очекуваат во попладневните часови и во источните делови од земјава. Локално процесите ќе бидат поинтензивни. Од понеделник времето ќе биде променливо и посвежо, а кон средината на неделата со локални врнежи од дожд.

 

 

 

 

01.09.2017 - 18:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега