Грчката полиција одговорила на повик за помош, па пронашла голема количина дрога

Грчката крајбрежна стража при спасувачка операција во Егејско Море откри и заплени 700 килограми марихуана и уапси тројца Турци.

Крајбрежната стража синоќа одговорила на повик за помош, што дошол од екипажот на дрвена едрилица, која пловела под турско знаме во непосредна близина на островот Нисирос.

Едрилицата, поради проблеми со моторот била довлечена до островот Нисирос, а при претресот пронајдени се 700 килограми марихуана. 

Се уште не е позната крајната дестинација на едрилицата.

 

 

 

01.09.2017 - 18:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега