Септември носи пресврти со времето - сонце уште денеска

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен југозападен и западен ветер кој во западните делови ќе засилува.

Утринската температура ќе се движи од девет до 16, а дневната од 27 до 35 степени. УВ-вредноста ќе изнесува 7.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе се искачи до 35 степени.

Утре нашето подрачје ќе биде под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса што ќе услови променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд, грмежи и повремено засилен југозападен ветер. Пообилни врнежи се очекуваат во попладневните часови и во источните делови од земјава. Локално процесите ќе бидат поинтензивни.

Од понеделник времето ќе биде променливо и посвежо, а кон средината на неделата со локални врнежи од дожд.

 

 

 

02.09.2017 - 09:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега