Невреме во Македонија - до кога ќе врне?

 

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и нестабилно со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен југозападен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни, со можност за појава на невреме. Пообилни врнежи се очекуваат во источните и крајните северозападни делови од земјава.

Утринската температура ќе се движи од 12 до 19, а дневната од 25 до 34 степени.

УВ-вредноста ќе изнесува 5.

Во Скопје слично време, променливо облачно и нестабилно со краткотраен дожд, грмежи и засилен југозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 32 степени.

Од понеделник времето ќе биде променливо, посвежо и ветровито.

 

 

 

03.09.2017 - 10:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега