Судовите и обвинителставата од денеска со ново работно време

Јавните обвинителства и судовите во Република Македонија од денеска работат со ново работно време, од 7:30 до 15:30 часот. 

Одлуката за новото работно време на судовите ја донесе Судскиот совет на РМ на седницата одржана на 30 август, согласно Одлуката на Владата за промена на работното време на администрацијата.

Претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски по седницата изјави дека за новото работно време се изјасниле и вработените во судовите и додаде дека ќе следат како тоа ќе влијае врз ефикасноста на работата на судовите. 

В.д. јавниот обвинител на Република Македонија на 31 август донесе Одлука од 4 септември да се применува ново работно време, од 7:30 до 15:30 часот, во Јавното обвинителство на РМ, во Вишите јавни обвинителства и во Основните јавни обвинителства. 

 

 

 

04.09.2017 - 08:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега