Груевски: Владата на СДСМ не сака да привлекува странски инвеститори

Ако до неодамна се прашував дали во новата влада знаат да привлекуваат странски инвеститори, сега се повеќе се прашувам дали всушност сакаат.Дали можеби некому не му одговара нови фабрики кои нудат повисоки плати за да превземат дел од најдобрите од постоечките фирми, кои или ќе треба да ги качат платите или да ги загубат подобрите вработени, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на денешната прес-коференција посветена на странските инвестиции.

Според него ваквата стагнација во однос на странските инвестиции ја чини и допрва ќе ја чини државата и граѓаните.

-Странските инвестиции беа локомотива на македонската економија и стимулативен елемент на домашното стопанство и компании кои соработуваат со овие странски инвестиции. Ваквото економско мртвило неминовно ќе доведе до опаѓање на општата економска активност, но и можност за бркање на посточеки инвеститори. Во услови кога во регионот, Европа, но и светот далеку поразвиени држави се борат за секоја нова инвестиција владата на СДС се откажува од таквата трка и излегува од конкуренција, посочува Груевски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ истакнува дека Македонија е мала држава и потребно и е силно придвижување нанапред и затоа вели тој потребни се нови странски инвестиции.

Груевски нагласува дека невработеноста сериозно се намалила и во тешко време на светска и европска финасиска и економска криза, како и една домашна политичка криза, но таа невработеност, како што додава се уште е висока, и потребно е многу работа за натамошни успеси.

 

 

 

 

04.09.2017 - 09:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега