За првороденче 7.000 денари, 14.000 за трето дете и 30.000 за стапување во брак по 40 година во Неготино

По седум илјади денари на сите оние кои имаат новороденче, по 14 илјади денари за секое трето дете, пет ваучери од по 30 илјади денари на машките лица кои стапуваат во брак по навршени 40 години. 

Неготинскиот градоначалник Ванчо Апостолов во просториите на општината, вчера додели сто ваучери за новороденчиња и ваучери за мажи кои стапуваат во брак по навршени 40 години. Апостолов нагласи дека Неготино спаѓа во редот на градовите каде сериозно и се пријде на оваа проблематика и има успех во практикувањето на мерките за зголемување на наталитетот кои ги донесоа Владата но и Општината.

-Ние практикуваме неколку мерки за зголемување на наталитетот. Покрај владините, практикуваме и наши општински мерки. Денеска по трет пат ја практикуваме ова мерка. Во Општина Неготино од август 2013 година родени се вкупно 600 дечиња- рече тој.

Апостолов нагласи дека со овие мерки кои даваат резултати, ќе се продолжи и понатаму. Задоволство од мерките, пред медиумите изрази и неготинката Билјана Трајкова. ­

-Во иднина само препорачувам, да се отворат повеќе места во градинките, бидејќи за да влезиме со децата овде чекаме ред, а имаме потреба од тоа бидејќи одиме на работа во смени. Инаку јас сега земав пари за второ дете. Мојот мотив е да го зголемам семејството- рече таа.

И Андов Милан потенцира дека за него оваа мерка е добредојдена. ­ Мислам дека стимулацијата треба да продолжи да се практикува од локалната вчаст.- Секоја парична помош е добредојдена и сметам дека ке биде поттик за неготинските ергени- нагласи тој.

 

 

 

04.09.2017 - 09:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега