Пораз за познатиот пејач: Аца Лукас во притвор

Откако ја претепа поранешната сопруга Соња Вуксановиќ, фолк пејачот одлета за Цирих каде имаше настап со Шабан Шаулиќ и Миле Китиќ.

По враќањето во Белград, 48 годишниот Аца Лукас отишол во полициска стануца на сослушување. Одреден му е притвор во траење од 48 часа, пишуваат српските медиуми.

Неговата сопруга Соња Вуксановиќ поднела пријава, тврдејќи дека пејачот два пати ја удрил во главата со рака, а потоа и со нога. Соња наводно од силните удари изгубила свест и завршила во болница.


Фолкерот наводно влегол во домот на Соња, почнал да крши работи па почнал да ја тепа. Александар Вуксановиќ тврди дека прво она кон него почнала да фрла, а тој се бранел.

После тоа, пејачот на социјалните мрежи и најави “војна“ на својата поранешна сопруга, тој и вети дека со сите сили ќе се бори да и ја одземе нивната ќерка Викторија, па и дека ќе открие дека која е таа уствари. Објавата брзо ја избриша.

На концертот во Цирих, на кој отишол веднаш после инцидентот, Аца кажал дека позади секој маж стои жена идиот.

 

 

 

04.09.2017 - 11:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега