Милошевски: Другарството на Богоев и Лукаревска им донесе катанци, наместо живот на локалите

Хајката против угостителите во Скопје која ја води УЈП мора да престане. Недозволиво е селективно, само затоа што некој не поткелкнува под притисоците на султанизмот на Заев да биде казнуван и затворан, а други без проблем да го заобиколуваат законот и за тоа влакно да не им фали, истакнува Милош Милошевски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Како поинаку да се толкува фактот што некои фирми кои важат за блиски до СДС и до Заеви да не ги исполнуваат законските обврски и за тоа да бидат толерирани, а други без никаква опомена ригорозно да бидат казнувани. Наместо опомени како што зборуваа, прва антиреформа е затвори се што не е поткелкува под притисоците на СДС.„Прва задача на инспекциите е да укажуваат, а не да казнуваат“ ветуваше Заев пред изборите, а сега прават се спротивно. Ова е типично за Заев едно да зборува, а друго да прави. Тоа народот го вика лажење.Ова е очигледен показател за нивната дволичност. Кaко и за многу други работи, така и за тоа покажаа дека безочно ги лажеа граѓаните, истакнува тој.

Милошевски додава дека  УЈП очигледно се претворило во алатка за казнување на непослушните и неподобните и ккао што се зборува во јавноста работи според црни списоци на фирми кои треба да бидат затворани.

-Другарството на Стефан Богоев и Сања Лукаревска гледаме дека им донесе катанци, наместо живот на локалите. Тие на дело го спроведуваат планот за живот на Зоран Заев кој подразбира да се јадат живи луѓе.   Граѓаните, стопанствениците и вработените на свој грб почуствуваа каков живот им донесе СДС. Почетокот на крајот на оваа политика ќе се случи на 15 октомври кога на престојните избори СДС ќе доживее катастрофале пораз. Граѓаните тогаш ќе покажат што мислат за ова лудило на СДС, заклучи тој.

 

 

 

04.09.2017 - 12:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега