Ова се драстичните измени што ги носи предложениот Закон за извршување

Со измените и дополнувањата на законот за извршување се предвидува постапките за наплата на комуналните долгови за струја, вода и телефон максималниот износ за законската казнена камата да биде во износ до висината на главниот долг и тоа да важи ретроактивно односно повратно за сите постапки што се во тек и во иднина.

Со овие законски измени ќе се намалат превисоките трошоци за извршување на должниците за исплата на паричните побарувања по основ на комунални сметки. Односно со овие законски измени ќе се максиминизираат трошоците за извршување да бидат до висината на главниот долг.

Измените изто така предвидуваат вон судската наплата да биде задолжителна и истата да предходи пред присилната наплата на долговите од комуналната сфера односно со овие измени наместо досегашните законски норми кои што предвидуваат присилна наплата на овие долгови ќе се воведе вон судско намирување на долговите, а со тоа ќе се избегнат превисоките трошоци за адвокати, нотари и извршители.

 

Измените и дополнувањата на Законот за извршување кои што денес беа поднесени од страна на ВМРО-ДПМНЕ се однесуваат за околу 300 илјади граѓани како што информираат од партијата.

 

 

 

04.09.2017 - 18:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега