Бесплатни компјутери за студентите преку Законот за издавање на вредносни бонови-ваучери

 

Законот за издавање на вредносни бонови - ваучери кој што беше поднесен во собраниска процедура од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, предвидува издавање на вредносни бонови-ваучери за обезбедување на компјутери за студентите.

Студентите со овие вредносни бонови-ваучери ќе имаат на располагање 18.600 денари за набавка на десктоп компјутер, лаптоп или таблет, кој што треба да им биде од директна корист во процесот на студирање и професионално надоградување.  

Овие вредности бонови-ваучери ќе бидат доделувани на редовните студенти од семејства чии месечни приходи не го надминуваат износот од две просечни месечни нето плати, и кои за прв пат се запишани во трета и четврта  година на студии на високо образовните установи во Република Македонија.

Дополнително бонови-ваучери ќе бидат издадени и на сите студентити кои се евидентирани како лица со посебни потреби запишани во било која година на студии  на високо образовните установи во Република Македонија.

Според законот кој што е во собраниска процедура, редовниот студент вкупните месечни приходи треба да ги докаже со уверение издадено од Управата за јавни приходи  за остварени приходи по разни основи за 2016 година за двајцата родители или старатели на студентот поединечно и за самиот студент.

Овој закон преставува продолжение на мерките на претоходната Владата преку кои студентите добија бесплатни таблет-компјутери и персонални десктоп компјутери.

Преку мерката на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за издавање ваучери за таблет-компјутери за студенти беа доделени вкупно 5.243 ваучери во вредност од 8.000 денари. Со овој проект беа опфатени студенти кои потекнуваат од семејства со помали месечни бруто-приходи, кои за прв пат запишале трета или четврта година на прв циклус на студии, односно студенти евидентирани како лица со посебни потреби.

Дополниелни претходно во неколку наврати успешно се реализираше и проектот за доделување на вредносни ваучери за компјутери за студенти преку кој Владата на Република Македонија обезбеди поддршка на вкупно 28.319 студенти за набавка на персонален компјутер.

 

На овој начин им се излезе во пресрет на студентите кои што не се во можност да се стекнат со компјутер. Доколку овој закон кој го предложи опозицијата во Собранието на Република Македонија, наиде на поддршка од парламентарното мнозинство, голем дел студенти ќе имаат можност да добијат бесплатен компјутер.

 

 

 

04.09.2017 - 18:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега