Од Дунав извлечен женски труп - дали е мајката која исчезна?
Вуковарската полиција соопшти утрово дека во Дунав синоќа, на 15 километри низводно од градот е пронајдено тело на непознато женско лице.
-Додека не се направи обдукција и не се утврди идентитетот на лицата не можеме да потврдиме дека се работи за исчезнатата 29-годишна жена од Вуковар, по која трагаме веќе неколку дена, велат од полицијата.
Телото е префрлено во одделението за патологија на Општата жупаниска болница во Вуковар.
Да потсетиме, минатата недела на брегот кај старата кланица е пронајдено телото на тригодишното дете кое се удавило, па почнала потрага и по 29-годишната Жељка од Вуковар, мајка на детето која скокнала по него за да го спаси.
Мајката во Дунав ја бараше полицијата, нуркачи и бројни граѓани, а во меѓувреме имаше и бројни шпекулации зошто со денови не можеа да го пронајдат телото на мајката.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа