Страшна сообраќајка на патот Куманово-Крива Паланка
Во 11.40 часот на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Ауди“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.Т. од селото Алгуња, општина Старо Нагоричане и патничко возило „Голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.К. од Куманово.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила С.К., сопатничка во ПМВ „Голф“, која по укажаната лекарска помош во Ургентен центар Куманово била задржана на лекување.
05.09.2017 - 12:46
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа