Димовски: Овој закон за јазици ги става во втор план граѓаните кои го зборуваат турскиот, босанскиот, српскиот, ромскиот и влашкиот јазик

Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница на Комисијата за европски прашања на која се разгледува Законот за јазици упати остри критики до владеjачкото мнозинство кои се однесуваа за рушењето на концептот на мултиетничност на општеството и преминување на биетничко општество со овој закон.

Димовски нагласи дека овој закон ги загрозува останатите јазици на заедниците кои што се зборуваат во Република Mакедонија и најави амандмани на законот кои треба да придонесат за еднаквост на сите граѓани во државата.

-Овој закон не го почитува мултиетничкиот карактер на македонското општество гарантиран со Охридскиот рамковен договор и со Уставот на Република Македонија. Овој закон значи воспоставување на билингвалност и биетничност и на општеството и на државата. Би сакал да ве информирам и да фрлам понуда кон вас. ВМРО-ДПМНЕ нема никаква спротиставеност во рамки на Уставот да пронајде начини за подобра имплементација и подобра употреба на албанскиот јазик кога станува збор за интерес на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ истото апсолутно го цени и го мисли кога станува збор и за турскиот јазик, и за босанскиот јазик, и за српскиот јазик, и за ромскиот јазик, и за влашкиот јазик. ВМРО-ДПМНЕ во амандманска расправа ќе ви понуди амандмани со кои што рамноправноста и еднаквоста ќе важи за сите, не само за Македонците и Албанците. Република Македонија околу 15% од нејзините граѓани и нејзините жители се припадници на помалите етнички заедници. Зошто тие 15% да бидат помалку еднакви од од 25% Албанци. Зошто кога зборувате за еднаквост и рамноправност зборувате само за Македонците и Албанците. Бидејќи никој не зборува за еднаквоста на Турците во Македонија, или Бошњаците или Србите или Власите или на Ромите, ние ќе го понудиме во амандмани тој концепт и овие жалопојки и убави зборови кои што ги слушнавме од еден од колегите пратеници од ДУИ ќе ги тестираме на лице место, во амандманска расправа, рече Димовски по повод Законот за јазици кои го предлага СДСМ.

 

 

 

05.09.2017 - 14:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега