Деновиве затоплување, но во сабота пресврт на времето
ВРЕМЕТО ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ
Променливо облачно со сончеви периоди, во западните делови со зголемена облачност и локален краткотраен дожд со појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. УВ=5 Во текот на ноќта времето ќе биде ведро и посвежо со мала облачност и со слаб ветер од северен правец.
ВРЕМЕТО УТРЕ
Претежно сончево со свежо утро и слаб до умерен северозападен и западен ветер. УВ=7 Т-мин. од 2 до 13 а дневната највисока температура на воздухот ќе биде во пораст и ќе се движи во интервалот од 23 до 30 степени.
Скопје Претежно сончево и топло со слаб до умерен северозападен ветер.Температурите од 7 / 28 степени.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
И во четврток времето ќе биде претежно сончево со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. Во петок ќе има зголемување на облачноста, а локални врнежи од дожд се очекуваат во сабота.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа