Груевски: Оние кои подзаборавиле како е кога СДС е на власт може да се потсетат – овој кошмар може да се прекине на 15 октомври

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на денешната прес-конференција истакна дека никого веќе не го чуди вртоглавиот пад не поддршката на СДСМ и големата разочараност.

-Како што дојдоа на власт, така и ја практикуваат. Дојдоа по пат на хаос, нечесно и со тешки манипулации и интриги, и нормално продолжуваат и работат на истиот начин. Ние не очекувавме повеќе и подобро од нив, но сега и тие што очекуваа видоа каков експеримент и се случува на нашата држава. Сега граѓаните ќе можат добро да споредат. Оние кои подзаборавиле како е кога СДС е на власт, може да се потсетат. Токму вака изгледа, а ќе биде и полошо доколку не им застанеме на пат. Овој кошмар може да се прекине на 15ти октомври!, посочи Груевски.

Истакна дека сето ова што и го прават на државата може да биде прекинато на 15ти октомври.

-Убедливото мнозинство не се согласува со ова! Казната ќе стигне многу брзо! Народот гледа и одмерува! И ќе им покаже што мисли! Македонија станува повторно на нозе! Ние ќе сме рамо до рамо со него, со секој еден граѓанин и одиме напред силно! Да го запреме овој хаос што го прават, рече Груевски.

 

 

 

05.09.2017 - 18:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега