Се доближува невреме - еве што ќе се случува до 12. септември

ВРЕМЕТО ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Променливо облачно со сончеви периоди, во западните делови со зголемена облачност и локален краткотраен дожд со појава на грмежи.  Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.  УВ=5 Во текот на ноќта времето ќе биде ведро и посвежо со мала облачност и со слаб ветер од северен правец.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Претежно сончево со свежо утро и слаб до умерен северозападен и западен ветер. УВ=7 Т-мин. од 2 до 13 а дневната највисока температура на воздухот ќе биде во пораст и ќе се движи во интервалот од 23 до 30 степени.

Скопје Претежно сончево и топло со слаб до умерен северозападен ветер.Температурите од 7 / 28 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

И во четврток времето ќе биде претежно сончево со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. Во петок ќе има зголемување на облачноста, а локални врнежи од дожд се очекуваат во сабота.

 

 

 

 

06.09.2017 - 11:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега