Следи продолжен викенд - метеоролозите со лоши вести

 

Во Македонија времето ќе биде претежно сончево со мала облачност. Утринската температура ќе се движи од три до 12, а дневната од 23 до 32 степена.

УВ-вредноста ќе изнесува 7.

Во Скопје слично време, претежно сончево со мала облачност. Утринската температура ќе се спушти до осум, а дневната ќе се искачи до 30 степени.

Во сабота ќе има зголемување на облачноста. Ќе дува засилен југоисточен ветер проследен со повремен дожд, на места пороен и со појава на грмежи, особено кон југот. Нови врнежи од дожд проследени со засилен ветер и појава на нестабилност се очекуваат и на поичетокот на следната работна недела.

 

 

 

07.09.2017 - 09:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега