ВМРО-ДПМНЕ: Жителите на Центар ги препознаа лажните ветувања на СДС и затоа ќе ги казнат

Уште еднаш на дело се покажа дволичноста и манипулациите на Зоран Заев и СДС. Иако ветија дека ќе ги подржат сите иницијативи за граѓаните слободно и непосредно да се изјаснат за прашања кои сите ги засегаат, советниците на СДС Центар им го скратија тоа право, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Граѓаните на Центар во овие четири години научија да ги препознаваат штетните и лоши политички кои се водат во Општина Центар. Власта на СДС не може да се пофали со ниту еден капитален проект кој е од исклучително значење на жителите на Центар. Единствено што направија СДС во Центар е личното богатење на поединци со пари на жителите на Центар. Четири години и 100 милиони евра имаше општинската власт на СДС Центар да покаже колку се грижат за жителите на Општина Центар, стои во реакцијата и се додава:

„Времето на лаги и манипулации заврши. Жителите на Центар ги препознаа лажните ветувања и затоа ќе ги казнат овие штетни и расипнички политики на 15-ти Октомври“.

 

 

 

07.09.2017 - 15:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега