Петрова Ѓоргова: Со помош на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Росоман конечно градинка

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со панел дискусиите, денеска претставници од локалната самоуправа во Општина Росоман зборуваа за проектите направени за жителите од таму. Директорката на новата детска градинка во Росоман, Андријана Петрова Ѓоргова, кажа дека оваа градинка е многу важна за општина каде се негува многудетното семејство.

-До 2014 граѓаните на Општина Росоман немаа можност нивните деца од предучилишна возраст да бидат згрижени во установа, во која што ќе се поттикнува севкупниот развој, за да се направи основна и добра подлога на малото дете. Затоа можам да истакнам голема благодарност до градоначалникот и Советот на Општина Росоман, кои што во 2014 година заедно со Министерството за труд и социјална политика и Владата на Република Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја отворија градинката и од тогаш па навака безусловно ни помагаат установата безпрекорно да функционира, изјави Петрова Ѓоргова.

Таа кажа дека имаат метална ограда, за да можат децата секогаш кога ќе дозволат временските услови да имаат активности надвор во дворот.

-Ја поздравувам одлуката на градоначалникот, кој што за секое новородено дете овозможува надомест од 3.000 денари, бидејќи децата родени во нашата општина се иднината на Росоман и граѓани со кои ќе продолжи да се развива нашата општина, изјави Петрова Ѓоргова.

 

 

 

07.09.2017 - 16:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега