Димова: Во Росоман се реконстурираа сите училишта со поддршка на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ

Основното училиште Пере Тошев се наоѓа во Росоман, а покрај централното училиште во Росоман се наоѓаат и неколку подрачни училишта, а во сите овие училишта учениците растат во креативна атмосфера во која учат да бидат љубопитни во светот околу нив, изјави на денешната панел дискусија директорката на училиштето Мирјана Димова.

-Во училиштето Пере Тошев се изградија три училници за едносменско работење заради заштеда на енергија, изграден е и амфитеатар каде што учениците со своите наставници изведуваат настава во природа, а исто така овој театар се користи за потребите на општината, културни манифестации. Освен тоа во училиштето е изградена и спортска сала која придонесе многу за наставата по физичко образование, истакна Димова.

Таа потенцираше дека се реконструираше и училишниот двор и се поплочи со бекатон плочки, а се сменија и постоечките светилки со штедливи.

 

 

 

07.09.2017 - 16:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега