ВМРО-ДПМНЕ: Рашковски не е над законите и треба добро да се подготви да се соочи со доказите кога ќе биде повикан на суд

Генералниот секретар на владата е исплашен затоа што е фатен во криминал, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Драги Рашковски и треба да биде исплашен бидејќи хаосот што тој и СДС го креираат еден ден ќе заврши. Кога оваа неспособна гарнитура ќе си замине од власт, правната држава ќе се врати и секој ќе одговара за незаконските дејствија што ги сторил. Тоа важи и за Рашковски и за сите оние кои му помагаат или кои го бодрат да забраздува во криминал. Кривичната пријава против Рашковски е поткрепена со бројни докази со кои Генералниот секретар ќе се соочи на суд. Секој човек различно реагира во страв, кога е соочен со одговорност за тоа што го сторил. Рашковски не е над законите и треба добро да се подготви да се соочи со доказите кога ќе биде повикан на суд, а доказите се несоборливи, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму посочуваат дека Рашковски од периодот на негово назначување за Генерален секретар до датумот на распишување на изборите, во повеќе наврати организирал именување на повеќе ВД директори од страна на владата, на лица кои не ги исполнуваат законските основи за да бидат именувани, но и, како што истакнува ВМРО-ДПМНЕ, именувал луѓе кои не биле писмено предложени од надлежни органи, како на пример Управен Одбор, за позициите за кои тоа било потребно.

-Со незаконското поставување на директори, на лица кои не ги исполнуваат законските услови во опасност се става нормалното функционирање на институциите, загрозени се граѓаните и е ставен во опасност буџетот на државата, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

09.09.2017 - 20:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа