ВМРО-ДПМНЕ: СДС ќе бидат казнети од граѓаните на 15 октомври

Неспособната влада на СДС за овие 100 дена откако ја води државата ништо не стори за граѓаните освен што креираа хаос и ја доведоа државата до работ на економски колапс. Нема пари ниту за планираното покачување на пензиите, ниту за покачување на просечната плата на 30.000 денари, ниту пак за плата на докторите од 100.000 денари. Пари има само за расипничко трошење на лешници и морски специјалитети и милиони евра кои завршуваат на сметки на фирмите чии сопственици се првите луѓе во владата, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Народот не виде ни „Р“ од долго најавуваните реформи на Заев и расипниците околу него. Со парите со кои неспособната влада на СДС ја задолжи Македонија можеше да се изгради околу 2.500 градинки. Но за овие 100 дена СДС не изгради ниту една. Толку од грижата на СДС за најмалите, стои во реакцијата и се додадава:

„Министерката Мила Царовска освен за згрижувањето на бегалците за друго не води сметка. Министерката не се грижи за децата од предучилишна возраст, за пензионерите, за социјално ранливите категории на граѓани. Додека граѓаните очекуваат исполнување на ветувањата за минимална плата од 16.000 денари, просечна плата од 30.000 денари, плата од 100.000 денари за докторите, СДС за овие 100 дена спроведе само партизирање и брутална партиска хајка против секој што не размислува како нив. Граѓаните го гледаат тоа и на 15-ти октомври ќе го казнат СДС за неодговорното и непрофесионално работење“.

 

 

 

10.09.2017 - 10:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега