Малолетник ограбен во скопска дискотека

Синоќа во 22:40 часот, во дискотека во Градски Парк во Скопје, две непознати лица извршиле разбојништво над 16-годишник од Скопје.

Во тоалетот на дискотеката, сторителите му се доближиле на малолетникот и му побарале пари. Откако им рекол дека нема, тие почнале да го претресуваат и од џебот му одзеле телефон, по што заминале во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

10.09.2017 - 12:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега