Следува нестабилно време: Пороен дожд, грмежи и засилен ветер
Утре времето ќе биде претежно сончево и топло, на повеќе места со натпросечни дневни температури на воздухот. Попладне почнувајќи од запад облачноста ќе се зголемува, а кон крајот на денот и во текот на ноќта како и во вторник претпладне, под влијание на нов влажен бран повторно ќе има на повеќе места нестабилност со поројни врнежи од дожд и грмежи. Локално се очекува процесите да бидат и поинтензивни, особено во западните делови од земјава. Ќе дува и засилен јужен ветер.
Потоа во наредните денови ќе преовладува стабилно, а во вторнин и среда и малку посвежо време. Од четврток дневните температури ќе бидат во постепен пораст.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа