Нова нагла промена на времето во Македонија

 

Времето во Македонија денеска ќе биде претежно сончево и топло со натпросечни дневни температури на повеќе места низ државата. Утринската температура ќе се движи од осум до 16, а дневната од 26 до 35 степени. УВ-вредноста ќе изнесува 7.

Во Скопје слично време, претежно сончево и топло. Утринската температура ќе се спушти до 12, а дневната ќе се искачи до 35 степени. Под влијание на нов влажен бран, попладне почнувајќи од запад облачноста ќе се зголемува, а кон крајот на денот и во вторник претпладне повторно на повеќе места ќе има поројни дождови и грмежи. Локално се очекува процесите да бидат и поинтензивни, особено во западните делови од земјата. Ќе дува и засилен јужен ветер.

Во наредните денови ќе преовладува стабилно време. Од четврток дневните температури ќе бидат во постојан пораст. Малку посвежо ќе биде во вторник и среда.

 

 

 

11.09.2017 - 08:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега