На скопјанец му го украдоа пиштолот на Бит Пазар

Вчера во полициска станица Бит пазар, 65-годишниот В.И. од Скопје пријавил дека во периодот од 15 часот и 30 минути до 19 часот непознат сторител извршил кражба од патничко возило тојота ленд крузер, со скопски регистарски ознаки.

Сторителот одзел црна чанта во која имало пиштол глок Л17, кој В.И. го поседувал со одобрение и други лични документи и документи од едно правно лице.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

11.09.2017 - 15:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега