Мисајловски: Во руралниот дел на Ѓорче Петров најмногу ќе се инвестира во инфраструктурата

Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Ѓорче Петров, Владо Мисајловски, денес беше на терен во Волково заедно со лидерот на партијата, Никола Груевски.

Тој информираше дека во следниов период ќе се вложува во инфраструктура, но потенцира и дека новата Влада ги кочи сите проекти иако нивната реализација е веќе и започната.

-Овде најмногу треба да се финансира инфраструктурата.  Особено во руралниот дел Волково, Ново Село, Стопански двор, Кисела Јабука. Во целиот овој дел максимално треба да  се вложи. И тоа ќе се направи, рече Мисајловски.

Актуелниот градоначалник на општината, Сокол Митровски, истакна дека сето она што им било ветено на граѓаните е исполнето.

Мисајловски потенцира дека минатата Влада започна со реализација на важни проекти за граѓаните од овој дел на Скопје, но владата на СДСМ во моментов не работи и затоа се е сопрено.

-Минатиот пат кога бевме тука ветивме дека ќе помогнеме за реализација на околу 30 нови улици. Ние тогаш ги ставивме во програма, почнавме да ги работиме, околу 4 веднаш се завршија и сега се престанати.  Тие мора да се продолжат. Зборувам за 33 улици во овој дел.  Тие се влезени во програма, но за жал веќе се престанати.  И канализацијата ја почнавме преку Министерство за транспорт и врски за тука во Волково, таа почна да се гради и таа е запрена. Сега не се работи ништо, истакна Мисајловски.

 

 

 

11.09.2017 - 16:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа