Лашкоска: Ако беше добар договорот со Бугарија зошто не дозволивте во Собранието да се расправа за него

Ако беше толку добар договорот за добрососедство со Република Бугарија зошто не дозволивте за него да расправаме ние пратениците во Собранието и исто како и бугарските пратеници да се произнесеме и ние, рече Ане Лашкоска од ВМРО-ДПМНЕ по повод интерпелацијата на Никола Димитров.

Лашкоска побара од министерот да одговори зошто ниту една од забелешките кои ги имаа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не беше имплементирана во овој штетен договор.

Таа на крајот додаде дека никаде во светот не постојат два различни народи кои што имаат заедничка историја.

 

 

 

11.09.2017 - 17:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега